Радио Милева кој ни го ослабе девојчето?

Ана Стојанова видно ослабена, ама и видно самобендисана: Фитнес инструкторката во куси тексас панталончиња си се пофали со секси фигурата!

Ана Стојанова видно ослабена, ама и видно самобендисана: Фитнес инструкторката во куси тексас панталончиња си се пофали со секси  фигурата!

Македонската фитнес инструкторка и мотиватор за здрав живот Ана Стојанова постојано и многу смело во пракса и на дело покажува како се прави бомба тело. Од разно – разни физички вежби до цела палета начини на исхрана, Ана постојано има некоја нова програма која и ја сервира на својата армија следбеници, кои тргнале по нејзините стапки – и тие да станат „бомби“!  Не еротски, туку естетски, да го доведат своето тело ако не во совршенство, барем во склад и рамнотежа по здрав пат и на здрав начин, со она што го нуди природата.

Инструкторката секако и секогаш мора да биде пример за својата армија „праскички“, како што самата Ана ги нарекува своите следбенички, па затоа застој не смее и не може да има.

И во лето и во зима, се смислува нова програма и се нуди некоја нова дестинација, на која Ана ја води својата армија, каде со добра организација и дисциплина и уште поубава атмосфера сетера она што е замислено, за резултатите на крај да бидат како што е замислено.

Неодамна инструкторката беше и приватно во Австралија и на Бали, па затоа реши како на деца мали и сликовито да им објасни и да ги повика своите дами и девојчиња за да им покаже што им подготвува, при што им вети дека оваа година ќе ги носи на Бали!

Затоа и реши преку видеа и сториња да им покаже што се нуди оваа далечна и егзотична дестинација на која Ана Стојанова веќе „ја опипа“ атмосферата… Од прошетка по танга, до капење во када со поглед на џунгла!

Теретанчето мало, ама секси како што и самата вели, како и погледот одзади на инструкторката, која не пропушти  максимално да го искористи. И за вежбање и за експонирање на она што е најдобро од себе за покажување!

За на крај, атратктивната велешанка да покаже дека шетањето по светот и овој пат не било џабе. Особено кога се работи за нејзината телесна структура.  Зашто Ана Стојанова најнакрај покажа дека по прошетката од Бали и Австралија се враќа видно ослабена. Ама и видно самобендисана, откако фитнес инструкторката во куси тексас пантолончиња сама си се пофали со секси фигурата!

И не дека така не изгледа, дури минусот килограми ја прават уште попривлечна и повозбудлива, позаводлива и попрималива, ама… Ако пак сам не си се пофалиш или барем не прашаш за  туѓо мислење да  ти го потврди сопственото, нема лезет оствареното.  А и ако не знаевме кој ни го ослабе девојчето, сега сите дознаа, дека девојчето ни го ослабеа Бали и Австралија!

Иако свој придонес во тоа, дала и придружбата! Многу извесно и надвор од теретаната!?

Фото и видео: Инстаграм/annstojanova

 

To top