Пејачката Ана Николиќ неодамна изврши целосна „реконструкција“ на градите, а како што пренесува „Скандал“, нејзината желба била деколтето повторно да изгледа како да има 25 години.
Имено, пејачката наводно решила после речиси две децении да оди и да ги вади силиконите, бидејќи големината што ја имала до неодамна почнала страшно да и пречи.
„Ана отиде кај хирург со слика од градите, па објасни каков резултат сака. Хирургот одлично си ја заврши работата, Ана е задоволна и рече дека не можело подобро. Поради оваа интервенција таа не замина на одмор или на море. Ќеркичката Тара ја испратила на море со татко ѝ Раста и кон крајот на август пак ќе замине на одмор.“
После се, Ана открила и дека наскоро ќе оди на Малдиви со своето ново момче Рале.
– Подготвувам турнеја. Најдов бенд и се ќе биде совршено. Тешко е и има многу работа, затоа не отидов никаде, но штом ќе пробаме и подготвиме се, ќе одиме на Малдиви – тврди пејачката.
Инаку, Ана Николиќ неодамна била преплашена од пријател додека била во автомобилот во Славија, па се присетила на тоа искуство.
– Ми пријде и тропна низ прозорецот. За малку ќе избегав низ отворот! Јас сум трауматизирана жена. Имав различни епизоди во мојот живот. Еднаш пукаа, не во мене, туку во некој со кој се возев во колата. Бев толку трауматизирана што тоа е за сите времиња.
фото: printskrin/instagram/