Пејачката Ана Николиќ повторно успеа да ја шокира јавноста со своето необично издание пред станот во белградската населба Вождовац. Таа позираше во целосно проѕирна комбинација од тантела, под која јасно се гледаа црниот градник и гаќичките со златни детали.
Стајлингот го надополнила со темни очила, црна наметка и масивни чизми, додека самоуверено шетала и позирала пред камерата. Во еден момент, пејачката високо ја кренала ногата и ја потпрела на ѕидот, со што дополнително ги изненадила и збунила своите следбеници на социјалните мрежи.

Овој ексцентричен потег и провокативното издание на Ана Николиќ веднаш предизвикаа лавина поделени коментари и бурни реакции во јавноста.

Да потсетиме, Ана Николиќ донесе одлука наскоро да ја заврши својата музичка кариера. Поп-ѕвездата во моментов го подготвува својот последен студиски албум, како и голема проштална турнеја низ поголемите градови.
Foto: printscreen/instgaram/ananikolicofficial






