Иако во медиумите многу се шпекулираше за врската на Ана Николиќ и композиторот Горан Ратковиќ Рале, тие изгледа ги решија сите несогласувања.
Изминативе денови се шпекулира дека закажале свадба, а Рале проговорил за тамошните медиуми и открил дека одредиле датум за венчавка.
-Најверојатно ќе се венчаме на Видовдан. Не зборувавме премногу за меден месец, тој е прилично „ад хок“ за нас. Веројатно ќе одиме кај неа во Доња Мутница, барем таму да ја искосиме тревата и барем се да средиме – изјави Рале за„ 24 седам“ и додаде:
-Не знаеме ни дали ќе биде голема свадба со многу гости. Јас сакам, таа не, и веројатно ќе заврши како што таа сака. Значи, помалку гости.
Останува да се види дали Ана и Рале ќе застанат пред матичар или нивната врска ќе ја промени Видовдан.
фото:You Tube printscreen/ FullScreen Media/ Instagram