Пејачката Ана Бекута се огласи и откри дека видео од нејзиниот лик, создадено со помош на вештачка интелигенција, кружи на интернет.
Ана Бекута даде драматична изјава на социјалните мрежи, предупредувајќи ја јавноста за сериозна интернет измама во која неодамна се најде пејачот Бојан Маровиќ.

Бекута откри дека на Фејсбук се појавило лажно видео во кое наводно споделила рецепт за лекување на проширени вени, нагласувајќи дека станува збор за класична маркетиншка измама.

„На Фејсбук се појави видео во кое се чини дека давам совети за лекување на проширени вени. Сакам да ги предупредам граѓаните да не наседнуваат на тоа, бидејќи станува збор за класична интернет измама. Видеото е создадено со помош на вештачка интелигенција со цел да се измами јавноста“, рече пејачката. Поради сериозноста на ситуацијата и неовластеното користење на нејзиниот идентитет, Бекута нагласи дека веднаш презела законски мерки:
„Надлежните институции се ангажирани за што поскоро решавање на овој непријатен случај, бидејќи мојата слика беше искористена без дозвола“, изјави Бекута.
Foto: Instagram print Screen/anabekuta1




