Радио Милева внимателна

Александра Пријовиќ го покажа братот: Прија се симна од бината, го прегрна, па му пееше на увце (видео) 

Александра Пријовиќ го покажа братот: Прија се симна од бината, го прегрна, па му пееше на увце (видео) 

Александра Пријовиќ пред неколку дена одржа концерт во Виена на кој присуствуваше и нејзиниот брат.

Популарната пејачка Александра Пријовиќ повторно приреди вистински спектакл за своите фанови, но овој пат на концерт во Виена.

Прија е позната по нејзината посветеност кон семејството. Откако на претходниот настап пееше само за својот татко, овој пат Пријовиќ на публиката го претстави својот брат.

Среде песната „Богата сиротиња“ Александра се симна од бината, седна на скалите и го прегрна својот брат, што предизвика воодушевување кај публиката.

– Секоја чест за неа за тоа колку внимание посветува на семејството на сите концерти. Капата доле, Александра – беше еден од коментарите.

@mestozlocina Porodica ispred svega!🤍 #aleksandraprijovic #bratisestra #ljubav #family #viral #fyp #beč #austria ♬ original sound – mestozlocina

фото: printscreen/TikTok

To top