Победничката на „Задруга 6“ стана мајка на 17 април, кога на свет ја донесе ќерката Леона.
По излегувањето од породилиштето, Александра останала во својот стан во Белград за да се опорави од породувањето, додека новопечениот татко Филип Цар се вратил во Хрватска.
Како и секоја горда мајка, Александра сака да споделува моменти од семејниот дом, а сега на своите следбеници на Инстаграм им откри како се чувствува во моментов.
Заедно со нејзината фотографија и песната Рибља чорбе „Добро утро“, Николиќ изјавила дека е хронично ненаспана. Што не е воопшто чудно, со оглед на тоа дека секоја мајка ќе потврди дека првите недели со бебе се најтешки.
Сепак, тоа се она што луѓето би ги нарекле „слатки маки“, па тие непроспиени ноќи и постојан замор брзо се забораваат.
фото: printskrin/instagram/