17-ти Август, денот кој за пејачката Александра Јенева и нејзниниот сега веќе сопруг, ракометарот Иван Ангелов, засекогаш ќе остане врежан во сеќавањата како обележје и симбол на нивната љубов од каде ќе ги бројат годините откако се во брак.
Свадбен ден за вљубената двојка, температурно пеколен, но незаборевен од возбуда, љубов и убаво на душата.
„Надвор од контрола“ од Теди Свимс и Фрик Фрили беше изборот на песна за првиот свадбен танц на кој младите танцуваа во љубовен ритам, оној кој ги донесе токму надвор од контрола за нивната приказна која преку љубов ги донесе дотука.
Невестата најпрвин блесна во тесна и светкава декоплтирана венчаница во сирена крој, нешто подоцна и во кус бел едноставен коктел фустан, за побобра комоција и леснотија за до крајот на вечерта, додека младоженецот избра класика без некакви модни експерименти.
„Стори“ објавите кај Јенева се густо набиени, а токму оттаму може да се види дека во Струмица се правеле сите обичаи уште од старт на денот со земање на невестата од кај родителите, вртење оро, здравица и веселба наголемо.
Јанева и Ангелов не штедеа на ништо, па на свеченоста присуствувале стотина гости, роднини, пријатели колеги… Невестата веројатно се уште под импресеии не успеала да сподели уште многу момени од големиот ден, но она за што не пропушти да го покаже на Инстаграм е свадбената фотосесија направена покрај море, веројатно уште пред свадбата.
View this post on Instagram
Инаку, пејачката пред официјално да стане госпоѓа и мажена жена, ги собра другарките на луда и незабоправна моминска вечер или всушност два вечери во Белград.
View this post on Instagram
За потсетување, кон крајот на минатата 2023 година македонската поп пејачка Александра Јанева имаше филмско запросување во Париз, откако некогашниот ракометен младински репрезентивец Иван Ангелов на својот роденден пред Ајфеловата кула и го стави на рака вереничкиот прстен!
Среќен брак!
фото/видео: Instagram printscreen/ aleksandrajanevaofficial