Радио Милева фотографии кои го обиколија светот

Актерот на 78 години фатен на нудистичка плажа со 22 години помлада девојка: Познатиот Тајвин Ланистер од „Игра на тронови“ е познат по бурниот љубовен живот (фото)

Актерот на 78 години фатен на нудистичка плажа со 22 години помлада девојка: Познатиот Тајвин Ланистер од „Игра на тронови“ е познат по бурниот љубовен живот (фото)

Актерот Чарлс Денс има одиграно бројни важни улоги, а на светската публика и е најпознат како Тајвин Ланистер од серијата „Игра на тронови“.

Неговиот бурен љубовен живот често привлекува внимание, а веќе некое време е во врска со сликарката и филмска продуцентка Алесандра Алма Маси, 22 години помлада од него. Ја запознал на снимањето на филмот „The Book of Vision“, а папараците неколку пати ги фотографирале како уживаат заедно.

Тие сега беа фотографирани од папараците на нудистичка плажа во Шпанија, а овие фотографии го обиколија светот.

Потсетуваме, Чарлс со години беше во брак со скулпторката Џоан Хајторн, со која има две деца, синот Оливер и ќерката Ребека. Тој и Џоан се венчаа во 1970 година, а се разведоа во 2004 година, поради неговото неверство. Тој сега истакна дека му е жал што ја изневерил сопругата.

Уште пред да се разведе, го поврзуваа со Емилија Фокс, а подоцна се забавуваше со колешката Софија Мајлс, која е 33 години помлада од него. Двајцата беа во врска две години, од 2003 до 2005 година. Денс беше во врска и со 26 години помлада манекенка и 25 години помлада сликарка, Еленор Бурман, со која беше од 2008 до 2012 година, а ја имаат ќерката Роуз.

фото: printskrin/X/charles.dance

To top