Ума Турман еднаш призна дека забременила од постар маж додека сѐ уште глумела во Европа. Таа во тоа време била тинејџерка и не знаела што да прави, но семејството и помогнало да одлучи да абортира.
Имено, откако американскиот гувернер Грег Абот го потпиша законот за абортус во 2021 година, според кој абортусите се забранети по шестата недела од бременоста, дури и во случај на силување и инцест, се огласи Ума.
Актерката напиша долга колумна за „Вашингтон пост“ и откри низ што сѐ поминала.
– Имав 15 години кога почнав да глумам, работејќи во средина каде што бев единственото дете во собата. Во доцните тинејџерски години, случајно забременив од многу постар маж. Живеев патувајќи од град во град, далеку од семејството, бев само на почетокот на кариерата. Се обидував да сфатам што да правам. Сакав да го задржам детето, но како? – објасни Ума Турман. Кога разговарала со семејството, тие се согласиле дека абортусот е најдобрата одлука. Таа истакна дека тоа била една од најтешките одлуки во нејзиниот живот.
– Имам 51 година. Ова беше една од помрачните тајни што долго ја чував внатре – изјавила актерката. Ума ги има ќерката Маја и синот Левон од бракот со актерот Итан Хаук. Таа ја има и ќерката Луна со нејзиниот поранешен вереник Арпад Бусон.