Македонската фолкерка Адријана Ацевска попозната како Адријана Кеш и ова лето ужива на нова егзотична дестинација. По Занзибар, годинава на ред дојде и Тунис каде пејаката не е сама, туку во друштво на една своја колешка, пејачката Тања Јовановска – Тракова која престојува на ова езготично место заедно со своето семејство.

„20 години пријателство, патувања и спомени што не се бројат – секогаш заедно, низсè“ – споделиле двете, на заедничките фоторафии на своите Инстаграм профили.


Аерно ама, има мома моменти кога Адријана мора да остане сама, кога колешката Тања треба да му се посвети и на семејството, на сопругот Младен и ќерката Драгана.

Тогаш г-ца Кеш си наоѓа самата поинаква забаваи начин како да ужива и во други задоволства…

Преку денот темнеење на тенот и одмор со сите четири во вис во сончевиот Тунис.

Навечер друга песна и сосема поинаква забава, зашто ноќта има сосема поинаква моќ, особено ако е туниска ноќ! Најпрвин малку јавање, а камилата нуди автентично искуство, кое навистина е уникатно задоволство.


По јавањето, на ред е пушењето… наргиле! Оние кои се меракли(к)и на ваквов тип уживање, а тоа досега не го сториле, не знаат што пропуштиле! Можеби некои други – да, но не и Адријана која под мини шаторот на песокот ја почувствува наргиле задоволството и сета негова магична моќ, во топлата туниска ноќ.

На крајот или на почетокот од денот, приквечер на зајдисонце или рано наутро на изгрејсонце г-ца Кеш не прецизирала, ама затоа покажа во што уживала додека ја кибицирала панорамата на брегот на Средоземното море… И тоа од горе, од терасата на својата хотелска соба, на која Адријана уживала во својот мир загледана во пространата морска шир. И тоа после туширање, пиштол гола, завиткана само во големиот, бел, хотелски пешкир и уште еден помал, околу главата завиткан во вид на турбан.


Под бањарката она што само се отцртува се бујните облини на пејачката… Само еден поглед на неа, однапред или одзади или панорамски поглед на заливот… Кон што и да погледнете имате поглед кој го запира здивот!
Фото: Инстаграм/tanjajovanovskaa/adrijana_acevska




