Радио Милева данок на долга врска

Адријана Ацевска има предлог за нов закон во Собрание: Ожени ме или дебело (ќе) плати(ш)! (ФОТО)

Адријана Ацевска има предлог за нов закон во Собрание: Ожени ме или дебело (ќе) плати(ш)! (ФОТО)

Фолк пејачката Адријана Ацевска  попозната како Адријана Кеш  е една од оние естрадни дами која социјалните мрежи обилно ги користи за сопствена промоција или пак нешто важно да  соопшти.  Освен возбудливите фотографии на кои тешко дека ќе можете да ја гледате само во очи со оглед на нејзините раскошни телесни атрибути, таа најчесто на своите Инстаграм приказни споделува мудри мисли. Туѓи или свои, сеедно, важно е дека таа во нив се пронаоѓа или пак мислата се совпаѓа со нејзините животни размислувања!

Иако убава, згодна, стројна, привлечна, телесно раскошно надарена, секси… патем уште и доволно позната и популарна Адријана Кеш се’ уште е  сама… До душа,  жена со вакви атрибути и епитети веројано ретко кога е сингл, ама  кога е бракот во прашање, пејачката се’ уште не застанала пред олтар. На многу свадби пеела, ама самата таа се’ уште  не била невеста.

А жена како жена, позната или не, покрај се’, секогаш мисли на мажење. Е арно ама… за да бидеш невеста, некој теба да реши да биде младоженец. Мажи колку сакаш, ама сопруг – е тоа е веќе друга димензија!

Иако не открива, не барем јавно, дали е во врска, куса и долга сеедно, Адријана Кеш во својата последна Инстаграм стори објава, откри една друга работа.  А и даде интересен предлог.

Имено, познатата Фејсбук креаторка на јавно мислење  Ина Многуфина, во еден свој статус напишала:

„Мараја Кери го тужела бившиот декка и го губел времето поштои рекол ќе ја ожении ја мафтал и муз емала 5 милиони. извини мараја што ти се ежем од песната, ти си била царица бе чоек!“

Пејачка е и оваа нашава фолкерка и многумина се ежат и кога ја слушаат и кога ја гледаат… Арно ама, таа и да сака,  никако не може да биде царица како Мараја. Оти Македонија нема таков закон…

„Ах да имавме закон“ – шеговито споделила Адријана, ама знаете како се вели: Во секоја шега – половина вистина!

Па, Адријана Ацевска ни олтар ни кеш не може да види! До душа за олтар никогаш не е доцна, а Кеш од тужба – само кај нејзе во прекарот!

Но, можеби не е доцна ни за закон… Ете интересен предлог за идните пратеници во новото Македонско Собрание! Амандманот може да гласи: Или ожени ме или дебело плати!

До душа пред 12-тина години имаше предлог за т.н. „егенски данок“  со кој немажените моми на д 30 и ергените над 35 години да плаќаат годишно „данок на ергенлук“ во висина од една  просечна плата… Ама не помина!

Патем, ако пејачката е навистина во долгогодишна или каква и да е, само да е серизона врска, споделениот статус и пораката може да звучат и  како онаа народната: „Ти кажувам ќерко, сети се снао“… Во случајов, иден зете…

Оти трпението има рок на траење… И без закон!

Фото: Инстаграм/adrijana_acevska

To top