Пејачката Зорица Марковиќ отворено проговори за своето здравје. Зорица ненадејно го напушти реалното шоу „Елита“ поради влошеното здравје, а сега во студиото на „Амиџи Шоу“ пристигна видливо расположена, а на самиот почеток дури и се пошегува на своја сметка.

– Животот ме фрла како топче за пинг-понг, тоа е мојот живот, или ЕКГ – почна Зорица, а потоа откри низ што поминала:
– Двапати ме погоди вирус додека бев во „Елита“, па сè се претвори во хронична состојба. Мислев дека не е ништо сериозно. Лекарите ме прегледаа од глава до пети и ми вградија еден стент. Сега имам три. Еден откажа поради вирусот, но сега сум добро – истакна таа.

Пејачката се осврна и на гласините што во меѓувреме се појавија во јавноста.
– Ме закопаа, па наводно сум пропаднала, пишуваа и дека ми пораснала дури и тревата…… Го повикав багеристот, за да видат непријателите дека не сум запрела. Нема да застанам додека се додека ми е судено – рече таа во свој стил.
Foto: printscreen/facebook/Ami G Show







