Радио Милева стомак до заби и ведар дух

Сите погледи вперени во трудничкиот стомак на Едита Арадиновиќ: Нејзината порака покрај фотографијата насмеа многумина

Сите погледи вперени во трудничкиот стомак на Едита Арадиновиќ: Нејзината порака покрај фотографијата насмеа многумина

Пејачката Едита Арадиновиќ ситно брои до породувањето и со нетрпение го очекува доаѓањето на ќеркичката.

Таа сега на својот Инстаграм профил сподели фотографија од лифт на која е во долг фустан. Идната мајка гордо позира и ја држи раката на својот веќе прилично голем труднички стомак, а потоа во својот препознатлив дух се пошегува на сметка на својот изглед и напиша:

– И не сум дебела, само бебушот ми е напреден – напиша пејачката.

 

Оваа симпатична и искрена објава веднаш привлече големо внимание кај нејзините следбеници, кои со возбуда го чекаат денот кога пејачката ќе ја добие наследничката.

На ова претходеше слична објава каде бремената пејачка позира по долна облека и дшховито пишува:

-Не сум дебела, само отечена!

Едита Арадиновиќ започна голем животен проект – изградба на луксузна семејна куќа на Авала. Иако е свесна дека пред неа е баран период и процес кој ќе трае една година, пејачката не ја крие возбудата, но ниту смислата за хумор за време на напорните подготовки и состаноци.

фото:inatagram printscreen/ editaaradinovic

To top