Прилеп, летово добива нов фолклорен фестивал.
Фестивалот е од меѓународен карактер, а истиотимето го добива од најпозатиот прилепски шегаџија, мариовецот Итар Пејо.
Фестивалот во Прилеп ќе трае два дена со тоа што фестивалот е настан кои преку фолклорот, музиката и културната размена ги поврзува традицијата и современиот дух. Во текот на двата фестивалски денови, а тоа се 14 и 15 август 2026 година (петок и сабота) посетителите и љубителите на фолклорот ќе имаат можност да го проследат големото свечено дефиле , фестивалските концерти, креативните работилници , детските активности и културните содржини во Прилеп.

Фестивалот ќе се одвива во централното градско подрачје, но и на уште една локација која дополнително ќе биде објавена известуваат организаторите. На фестивалот ќе има културни ансамбли и гости од Македонија и од странство.
Програмата за фестивалот е следна:
14 август 2026 година (петок)
*Прошетка низ Прилеп
*Детска работилница на Могилата на непобедените
*Свечено дефиле на учесниците
*Фестивалски настап кај споменикот на Итар Пејо во Прилеп
15 август 2026 година (сабота)
*Креативна работилница во НУЦК „Марко Цепенков’’-Прилеп
*Главна фестивалска вечер
*Забава на летната сцена при НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп
Новиот меѓународен фолклорен фестивал „Итар Пејо“ кој годинава се одржува за прв пат во Прилеп ќе биде интересна можност посетителите да се запознаат со традиционалните обичаи од Прилеп, Македонија и од странство.







