Промотер

„Компас бенд“ за миг ќе ви донесат нова летна музичка магија со нивниот – „Баобаб“ (ВИДЕО)

„Компас бенд“ за миг ќе ви донесат нова летна музичка магија со нивниот – „Баобаб“ (ВИДЕО)

Летото е резервирано за добра музика, позитивна енергија и песни кои освежуваат, а токму таква е најновата музичка приказна на Компас бенд. Популарното трио деновиве ја промовираше новата песна „Баобаб“, динамична и заразно ритмична летна нумера која уште на прво слушање го привлекува вниманието.

Зад „Баобаб“ стои добро познатото авторско име Зоран Рудан – Цеки, кој ги потпишува текстот, музиката и аранжманот. Со својот препознатлив музички сензибилитет, Цеки создаде песна која совршено ја доловува безгрижната летна атмосфера и носи модерен звук што лесно останува во глава.

Освен што плени со својата мелодија, „Баобаб“ доби и впечатлива визуелна приказна. Видеоспотот е снимен на една од најромантичните и најатрактивните светски дестинации, преубавиот грчки остров Санторини. Белите куќи, сините куполи, тесните улички и спектакуларните погледи кон Егејското Море создаваат совршена сценографија која одлично се вклопува со ведриот и летен дух на песната.

Со „Баобаб“, Компас бенд уште еднаш покажуваат дека знаат како да ја погодат атмосферата и вкусот на публиката. Лесниот ритам, модерната продукција и заразниот рефрен ја прават песната идеален избор за летните патувања, забави и долги вечери покрај море.

Бендот и овој пат останува верен на својот препознатлив музички стил, но истовремено носи свежина која ветува дека „Баобаб“ ќе биде едно од најинтересните домашни изданија ова лето.

Ако се суди според првите реакции на социјалните мрежи, публиката веќе ја прифати новата песна со воодушевување.

Нема сомнеж дека „Баобаб“ има сè што е потребно да стане неизбежен дел од летните музички плејлисти, па затоа ако случајно се’ уште не сте ја преслушале песната и погледнале видеото, еве ви решение – направете го тоа веднаш во продолжение…

To top