Радио Милева сите среќни и весели

Додека ладеше глава со ладна диња, дали верноста е светиња, Сењорита Мистериоза решаваше туѓа дилема со своја теорема за лична среќа!

Додека ладеше глава со ладна диња, дали верноста е светиња, Сењорита Мистериоза решаваше туѓа дилема со своја теорема за лична среќа!

Буцкастата „сајз плус“ македонска инфлуенс убавица со уметничо име Сењорита Мистериоса денес со  нова  дубиоза?! А можеби и не е, зашто кави се ова времиња, се’ што на прва ти се чини мајтап, подоцна  излегува  на виделина дека било чиста вистина!  Така и нејзината денешна „теорија на млака вода во леген“, за тоа што е важно кој тоа ве прави среќен!?

Имено додека синооката убавица на терасата си разладуваше душата со свежо изладена диња и пристигна една чудна порака. Повеќе замрсена дилема, кој со кого после кого, и која чија била сестра, швалерка или жена… А на крај истата на истиот тој батка, да треба да му биде адвокатка? Или можеби не е баш така? Всушност кој знае како е, кога е толку многу ситуацијата замрсена и комплицирана,  што ни самата „госпоѓица Загадочна“ повеќе не сигурна, како ќе ја реши мистериозната љубовно- брачно-швалерска загатка?

Можеби затоа и и’ се здаде на дињата, за да си ја разлади главата, за подобро да го размрси заплетот на чворосаната ситуација?

И така додека размислуваше од каде да почне и дојде сјајна идеја. Па што има врска кој со кого бил и кој е чиј, ако во сето тоа имало среќа? Тоа што откако се дознало, не потрајала е друга работа?  Ама затоа додека траело било слатко и убаво, се додека тој пат не завршил кај адвокат. Ама па што е важен крајот, ако до тука од почеток си била во рајот?

Така некако мистериозната госпоѓица  си го поставила можното решение и тоа по принциопот: „Секогаш погледни ја поубавата страна на животот“!  Па додека ладеше глава со ладна диња, думајќи се дали верноста е светиња, Сењорита Мистериоза вака ја реши туѓата дилема со своја теорема за лична среќа:

Фото и видео: Инстаграм/senorita.misteriosa

To top