Промотер

Тамара Тодевска е дефинитивно -„Дива“… и тоа не само музичка (ВИДЕО)

Тамара Тодевска е дефинитивно -„Дива“… и тоа не само музичка (ВИДЕО)

Со нова доза енергија и силна порака, Тамара Тодевска деновиве го објави синглот „Дива“, третото музичко парче од нејзинот ново поглавје – визуелен албум „Кукла жива“.

Станува збор за динамична денс песна која зборува за самодовербата, слободата и женската сила. Рефренот „Дива, дива, дива – без страв, без срам, без вина“ ја испраќа пораката дека секој треба да биде свој, без компромиси и без потреба да се правда и извинува за оноа што е.

Музиката и текстот ги потпишуваат Коста Петров и Тамара Тодевска, додека продукцијата е на Емин Џијан. Видеоспотот, режиран од Мартин Трајановски, е снимен во „Tакат студио“ и претставува дел од визуелната приказна на албумот „Кукла жива“ – првиот т.н. визуелен албум создаден во Македонија.

Со објавувањето на „Дива“, Тамара продолжува постепено да ја открива приказната на албумот, кој содржи десет песни и десет визуелни приказни. Финалето на овој проект ќе биде концертната промоција закажана за 3 октомври во арената „Борис Трајковски“.

„Сакав ‘Дива’ да биде песна што ќе ја пуштиш гласно, ќе ја пееш и ќе се чувствуваш слободно. Да те потсети дека можеш да бидеш своја – без страв, без срам, без вина“, вели Тамара.

Песната „Дива“ е достапна на официјалниот YouTube канал на Тамара Тодевска, како и на сите музички стриминг платформи.

Како звучи и  изгледа ова нејзино визуелно парче музика, проследете од видеото во продолжение…

To top