„Ако ти е денот килав, нема врска- биди жилав“… се пее во стиховите на еден познат македонски хит од некогашното дуо „Ластовица“. Токму поведена по оваа максима, нашата некогашна поп ѕвезда, денес позната морепловка Ноне Неделковска го обликуваше својот Инстаграм со возбудливи фотографии, од кои колку и да ви е лош, денот ќе ви се разубави!

Доволно е да фрлите само еден поглед на црвенокосата „џепна венера“ кој веднаш ќе ве натера да ви се промни расположението… И тоа на баеги подобро! А како и не би кога, нејзината бикини плетка е за петка.

И заради тоа како и стои, онака украсена со школкички и бисерчиња над тесните мали дупчиња на горниот дел од костимот, а и петка заради стилот, но најмногу заради тоа што белата бикини плетка лежи плус – минус сајз – 5-ка!

Впрочем, велешката морска сирена природата можеби не ја надарила со долги манекенски нозе, ама затоа сексапилното мињонче во ликот вечно младо и слатко како бонбонче, е цицлеста колку за цела манекенска агенција.

Телесниот раскош однапред на некогашната поп ѕвезда и да сакате не можете да не го забележите, зашто бујната предница оди „две минути пред неа“! Расната велешанка тоа добро го знае, па затоа каде и да е, добро умее да се стокми и натокми, така што градниот кош доминира, без оглед дали некаде испружена ужива или гордо парадира.

Така е и овој пат кога Ноне Неделковска во бикини плетка за петка покажа, како и лошиот ден може да ви биде дел од убавиот, секси живот, во кој не мора да ви биде ништо бледо, само ако знаете каде да ја пронајдете смислата во него.

Ако немате идеја, за почеток убаво разгледајте ги нејзините последни цицлести, бикини плетка фотографии од кои ќе ви се подобри расположението и подзастане здивот, зашто и… „Лошите денови се исто така дел од убавиот и секси живот“! Се разбира ако знаете, таков да си го направите!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/nona.nedelkovska



