По завршувањето на сезоната на музичките натпреварувања во Србија, деновиве во медиумите се шушка за заминувањето на Десингерица, но и за доаѓањето на Дара Бубамара во „Пинкови ѕвезди“.
На крајот од секоја сезона на популарните музички шоуа, додека се чека новата, главна тема се членовите на жирито и дали ќе останат во истиот состав или некој ќе го напушти проектот. Ниту оваа година не е исклучок, со тоа што покрај „Ѕвездите на Гранд“, сега се зборува и за „Пинкови ѕвезди“, кои претходната година се вратија во голем стил, пред сè поради доаѓањето на Јелена Карлеуша и Драгомир Деспиќ – Десингерица како членови на жирито.

Сепак, сè почесто се шпекулира за големи промени кои го очекуваат ова натпреварување од есен, а се зборуваше и за своевидна замена на столиците во двете натпреварувања. Според тврдењата на добро известен извор, во новата сезона на „Пинкови ѕвезди“ во жирито повеќе нема да го гледаме Десингерица.– Кога на продукцијата им ја соопшти својата одлука, се обидоа да го одвратат и му предложија добро да размисли во текот на летото.
Тој јасно им кажа дека нема тие пари и услови кои би го натерале пак да учествува во сè. Особено му е драго што победник на оваа сезона беше неговиот кандидат, со што на сите им покажа што знае и умее, иако многумина од жирито го потценуваа од првиот момент. Сега заминува со исполнето срце. Сака да се одмори од сè и да им се посвети на песните и настапите, тоа сега му е приоритет. Можеби во наредните месеци ќе се случи некое чудо па ќе се предомисли, но засега неговата одлука е конечна – раскажал изворот.

Десингерица не ги потврди овие сознанија, но ниту ги демантираше, наведувајќи дека за следната сезона сè уште ништо не е прецизирано.Инаку, ова не е крај на промените. И Јелена Карлеуша сè уште се премислува дали ќе остане во црвеното столче, додека останатите членови на жирито засега ѝ стојат на располагање на продукцијата за следната сезона.
– Ќе ми недостига Босанац бидејќи навистина многу го сакам. Ќе ми недостига и Деспиќ, со кого цела сезона ја правевме најголемата гледаност. Но, не сум сигурна кого ќе видите во септември. Можеби ќе дојде и до моја замена, ќе видиме – изјави Карлеуша по суперфиналето.

По сè изгледа, промени ќе има и во „Ѕвездите на Гранд“, и тоа неочекувани. Како што се дознава, токму Дара Бубамара би можела да го замени Десингерица во „Пинкови ѕвезди“. Бидејќи пејачката минатата година потпиша договор само за една сезона, таа сега е слободна, па не е исклучено токму таа да биде засилувањето на Пинк.

Она што дефинитивно би им било интересно на гледачите е односот меѓу двете поранешни пријателки Карлеуша и Бубамара, кои имаат богата историја на падови и подеми во нивните релации. Јелена Карлеуша изјави дека со Дара би било вистинско шоу, а Бубамара го потврди тоа:
– Тоа што го кажа Јелена е многу убаво од нејзина страна. Тоа би било нешто најгледано. Сите го знаете она наше шоу „скапо чини“. Сè и сешто ќе се случува дури. Договорите се склучени до септември. Ќе биде хаос. Јас секаде „растурам“. Кој прв до девојката, негова е. Кој прв со договор до девојката, негова е. Скапо чини – порача Бубамара низ смеа.
фото:Instagram printscreen




