Радио Милева жешко, жешко, епа што...

Скопската ријалити старлета знае како се ужива и во жешките скопски лета: Исто како да е на Егејот или таму негде на Јадранот горе, Моника Станојкова во „Драчево на море“!

Скопската ријалити старлета знае како се ужива и во жешките скопски лета: Исто како да е на Егејот или таму негде на Јадранот горе, Моника Станојкова во „Драчево на море“!

„Жешко, жешко епа што, ако е лето не е лав, важно е да си здрав и прав“ – вели една стара, урбана, скопска поговорка, по која се повела и познатата „сајз плус“ македонска инфлуенсерка (така барем се декларира),  Моника Станојкова. 

Можеби пеколните жештини се’ уште не се пуштиле на најјако во скопската метропола, ама сепак се доволно пеколни за да бидат неподносливи. Разладување и лекарите препорачуваат, само што некому за здравје , некому за уживање. А, скопската ријалити старлета  знае како се ужива и во жешките скопски лета.

Надвор од централното градско подрачје – првец базенска вила сместена на локација, негде пред Драчево и Пинтија.

Ем погодна за разладување и рекреација, ем е корисна за нова „Фиеста фанс“ видео сесија на расположената за разголување Моника, која во последно време најде начин и вака да заработува на познатата платформа!

А, местото кое и не е така непознато, како создадено и за сликање и за уживање,  зашто веќе и пред неа го користеле за снимање на фото сесии, модни едиторијали или само онака за на социјалните мрежи, некои познати наши ријалити  ѕвезди, модели и манекенки… Како Тара Симов, Љупка Митрова или Ангела Василевска, на пример.

Како другите, така и таа – Моника Станојкова, само во тиркизни танга бикини во кои однапред кипат и се прелеваат природните  облини на нејзината гигантската предница…

Додека, одназад онака полувлажна, длабоко потонала бикини тангата во големата овална задница на инфлуенсерката.

Базенот идеален и за разладување и за позирање од различни агли… Од страна, од долу, од горе…

А, таа испружена задоволно позира исто како да е на  Егејот или таму негде на Јадранот горе… Моника Станојкова во „Драчево на море“!

Фото и видео: Инстаграм/stanojkovastar

 

 

 

To top