Летото е во полн замав, па иако тргнало да се пушта кон најсилно, се чини се’ уште не го достигнало свфојот зенит. Но тоа не значи дека познатите македонски дами не се подготвени. напротив, уште со првите посилни сончеви зраци многиумина од нив побрзаа да ја отворат сезоната.

Една од нив секако е и познатата ТВ водителка на забавно-музичкото шоу „Старс“, сексапилната неготинчанка со скопска адреса на живеење, Ивана Јанковска. Атрактивнта ТВ убавица ја користи секоја можност, секоја слободна прилика, да ужива некаде покрај вода. Најчесто море, како нејзините последни летни „експедиции“ на Егејот и Јадранот, каде Ивана најпрвин уживаше на песочните плажи на Пиериа во Грција, па на тоа згора да го затвори кругот на убавото и корисното се опушти на морското крајбрежје во Црна Гора.

И не било каде и не било со кого, зашто изборот секогаш и е згодно женско друштво…

И секако луксузни ресорти и плажи како Ле Мун, Мандала или Алмира во Грција или Монте Палм бич, Свети Стефан и Порто Монтенегро во Црна Гора.

Арно ама ништо не е вечно, па ни одморот, ама затоа желбата да се ужива покрај вода е толку голема, што Ивана „од желба изгорена“ и кога не е крај морската шир знае каде, како и со кого да ужива… И на маса и на пешкир!

Недела и тие што треба се тука, мезето подготвено на „ладна даска“ и овошна салата како витамински додаток, а пијалакот оладен и дополнително оставен да кулира. Џин-тоник, коктел или мохито – не е битно. Важно е да се замези и да се наздрави за добро расположение на сите присутни!
А потоа следува нова витаминска тура, само овој пат сончева и тоа повеќенаменска. Ем што повеќе да се впие витамин ДЕ, ем крај базенот да се потемни тенот, ем уживањто да не остане незабележано. А за да остане длабоко врежано во колективната меморија, особено на машката популација, една поза на атрактивната водителка е сосема доволна за на социјалните мрежи.

А на неа, сексапилната Ивана испружена на лежлака, преку која се’ пршти од телесен раскош и животински принт. Змијско тело и облини удобно сместени во „змијски бикини“ на пешкир со леопардов принт. Ивана – „Старс“ на летото ептен му се вгнезди, па уште еднаш покажа дека е „риба со пет ѕвезди“!
Фото и видео: Инстаграм/jankovska__i




