Радио Милева волшебна изведба

Македонецот во „Никогаш не е доцна“ го преплави студиото со емоции: Илија Балтовски „го маѓепса“ жирито (ВИДЕО)

Македонецот во „Никогаш не е доцна“ го преплави студиото со емоции: Илија Балтовски „го маѓепса“ жирито (ВИДЕО)

Второто полуфинале на регионалното музичко талент шоу „Никогаш не е доцна“ донесе огромна неизвесност за македонската публика. Македонецот Илија Балтовски-Балто уште еднаш покажа како се бранат боите на својата земја со интерпретација која доби сериозни пофалби од регионалните ѕвезди во жирито.

Балтовски го изведе легендарниот хит на Масимо Савиќ „Стине“  и емотивно ги допре сите во студиото директно до срце. Неговиот настап беше еден од оние што ќе се паметат долго време, а атмосферата во студиото потоа беше исполнета со емоции и тишина што зборуваа погласно од зборовите.

Членовите на жирито не го криеја впечатокот дека на сцената се случило нешто посебно и речиси необјасниво. Првиот коментар го даде Саша Милошевиќ Маре, кој истакна дека Илија направил храбар и моќен избор на песна, а Емина Јаховиќ се согласила со неговото мислење.

„Каква песна. Ова е навистина ремек-дело и големи честитки за вас што се осмеливте да ја отпеете оваа песна. Доста добро и ја изведовте на свој начин – рече тој, а Емина додаде: – Ова е навистина храбар момент да се избере ваква песна. Бевте фантастични“. Ни Милица Тодоровиќ не остана рамнодушна, па накратко, но импресивно ги сумираше своите впечатоци.

„Се случи некоја необјаснива магија, која навистина ми се допадна“ – истакна фолкерката.

И покрај одличните коментари од Емина Јаховиќ и Милица Тодоровиќ, стручната комисија донесе одлука која го испрати македонскиот претставник во последната фаза на елиминација. Балтовски сега се наоѓа на отворено гласање каде публиката го има последниот збор.

Во следните неколку часа јавноста во Македонија се соочува со сериозен предизвик за да му овозможи на овој талентиран уметник да се избори за своето заслужено место во големото финале. Конкуренцијата е силна, но поддршката од домашната публика секогаш била клучна во вакви моменти.

Во продолжение погледнете ја целата мисија на последното издание на „Никогаш не е доцна“ од 14. јуни 2026, а настапот на Илија Балтовски- Балто ќе можете да го најдете на 44:40 мин.

Фото и видео: YouTube/Nikad nije kasno – Cela emisija 39 – 14.06.2026.

To top