НУЦК “Ацо Шопов“ – Театар Штип ја најавува премиерата на претставата „Синдром Нора“ – кабаре, во режија на Наташа Поплавска, текст на Весна Куслеска (по мотиви на ”Нора” од Хенрик Ибзен), која ќе се одржи на 13 јуни 2026 година (сабота), со почеток во 20:00 часот, на сцената на Театар Штип.
“Синдром Нора” не е само приказна за Нора. Ова е приказна за сите што некогаш живееле според туѓи очекувања, туѓи правила, туѓи стравови и туѓа претстава за среќа.
Во ова терапевтско кабаре, ликовите од „Нора“ на Хенрик Ибзен излегуваат од своите улоги и се соочуваат со она што долго го премолчувале. Нора, Торвалд, Кристина, Крогстад, Ранк, Ана Марија, Боб, Ивер и Еми не се само драмски ликови. Тие се симптоми на еден ист систем. Систем што учи како да се трпи, како да се молчи, како да се биде „добар“, „пристоен“, „корисен“ – дури и кога тоа значи да се изгубиш себеси.
Оваа претстава зборува за наследениот срам, за саможртвата, за љубовта што станува кафез, за децата што ги наследуваат тишините на своите родители. А над сето тоа стои МС Нора – Нора од иднината, Нора што веќе ја затворила вратата задсебе и сега се враќа да нè праша: Колку од нас сеуште играат улога во сопствениот живот – наместо да го живеат?
Во претставата играат:
Марија Минчева Андонов
Кристина Атанасова Арсова
Анѓелка Нашкова
Стефанија Митовска
Елена Шорова Дербов
Миле Вратеовски
Никола Кузелов
Мирко Голомеов
Музичари: Горан Лазаревски и Симе Панев
фото:НУЦК “Ацо Шопов







