Раперот Игор Лазиќ, попознат како Нигор, еднаш отворено проговори за една од најтешките борби во животот. Имено, музичарот се соочил со тумор на мозокот, а без двоумење зборувал за сериозниот здравствен проблем и предизвиците низ кои минувал.
– Случајно скенирање на забите покажа сенка во главата… Отидов на превентивни прегледи и открија тумор! Фала му на Бога што сега сум добро! – откри Нигор, а потоа додаде:
– Одев на терапија 8 или 9 години.. Правев сè што требаше и фала му на Бога што сум добро! Немав никакви симптоми, случајно беше откриено – рече тој.

Во една прилика, Нигор се осврна на борбата за потомство и откри дека неговата сопруга Сузана и тој немаат никакви здравствени проблеми, но дека досега не успеале да станат родители.
– Проширувањето на семејството е глобален проблем за младите брачни парови и заедниците. Не знам што е причината за овие сè почести пречки, дали е тоа што сме бомбардирани, што нè снајде мизерија од сите страни и што живееме живот исполнет со стрес. Имавме прегледи кои покажаа дека медицински сè е во ред, но како и сè друго, овој проблем доаѓа од нашите глави, а можеби поради нашата прекумерна желба, не успеваме да станеме родители. Којзнае што се случува, сè е во Божји раце, се надевам дека оној одозгора ќе нè погледне. Искрено, време е и за мене, како што вели мојот пријател Саша: „Да имав дете, немаше да му бидам татко, туку дедо“ – рече тогаш Нигор.

Да ве потсетиме, сопругата на Нигор е 15 години помлада од него и се запознале на море, а се венчале во 2015 година.
фото:Instagram printscreen/niggorlegalazic





