Пејачката Теодора Џехверовиќ привлече внимание со фотографиите од патувањето во Милано, а покрај нејзиниот стајлинг, на многумина во очи им падна и модниот детаљ што го носеше на раката.
Станува збор за часовник од познатиот швајцарски бренд Тисо, чија цена се движи околу 350 евра.
Теодора го избрала моделот PRX од 25 милиметри, кој се издвојува со челична нараквица и седефен бројчаник. Со својот елегантен дизајн, овој часовник лесно се вклопува во различни модни комбинации, а пејачката го носела за време на престојот во италијанската модна престолнина.
Во време кога на естрадата често се зборува за скапи часовници и накит, изборот на Теодора привлече внимание токму затоа што не станува збор за моден додаток чија цена се мери во десетици илјади евра.

Моделот што го носела е достапен по значително попристапна цена во споредба со луксузните часовници што ги носат некои јавни личности. Со својот изглед, тој одлично се вклопува и во елегантни и во лежерни модни комбинации.
Една страница на Инстаграм посветена на часовници ја објави фотографијата на Теодора од Милано, споредувајќи ја со моделот што го носела пејачката. Објавата набрзо привлече внимание кај корисниците, кои во коментарите ги споделија своите впечатоци.
„Девојката нема комплекси!“, „Секоја чест!“, „Топ“, „Вистински избор“, „Браво“ – ова се само дел од коментарите.
Foto: Instagram/teodoradzehverovic







