Личните моменти се оние што ја прават фестивалската приказна уште поголема.
Годинава, Дејан Николоски – Чуле настапи на сцената на Фолк Фест Валандово со песната „Слатки мали лаги“. Но 39. издание на фестивалот за него ќе остане запаметено и по една многу поголема, најлична радост.
Додека течеше телевизискиот пренос во живо од Фолк Фест Валандово, Чуле по трет пат стана татко, објавија од реномираниот фестивал, кој се одржа завчера во фестивалската сала Јанко Узунов во Валандово.

Во истата вечер во која неговата песна беше дел од фестивалската сцена, животот му ја подари третата среќа.
Фолк Фест Валандово отсекогаш бил место каде што се создаваат песни, спомени и емоции. Оваа година, за Чуле, фестивалот ќе остане поврзан и со еден од најубавите моменти во животот.
„Од срце му честитаме и му посакуваме многу здравје, среќа и радост во семејството.
Да ни е жива песната македонската. Да ни се живи и здрави сите радости што ја придружуваат“, порачаа од организацијата на фестот.

Пејачот пак пресреќен се огласи на својот Инстаграм со фотографија и пост покрај истата:
„Три детски срца, една бескрајна љубов .Бог ни подари уште една среќа. Нашите Јана и Бисера добија сестричка“ – напишал чуле во описот.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/dejan_chule






