Мадона не е некој што е познат по тоа што се воздржува, особено кога станува збор за теми за сексуалноста и личната слобода, па затоа не е изненадување што таа беше една од најголемите револуционерни сили во поп-културата во 80-тите.
Таа ги кршеше табуата и ги поместуваше границите, па дури и денес нема да ја менува темата ниту да се срами од својата биографија, па кога ја прашаа кој од нејзините партнери е најдобар во кревет, таа даде прилично директен одговор.

Кралицата на поп-музиката учествуваше во разговор на „Grindr“ со неколку познати личности на промоцијата на нејзиниот нов албум „Confessions II“, кој ќе биде објавен на 3 јули.
Кога стана збор за темата за нејзиниот возбудлив љубовен живот, дизајнерот Раул Лопез ја праша Мадона кој е најдобриот љубовник што некогаш го имала.
– Ќе именувам само мртви луѓе – таа веднаш постави правило, а потоа шепна: – Џон Кенеди Џуниор.

Нејзините соговорници беа изненадени за момент, па реагираа со смеа, а Лопез призна дека веќе слушнал такви приказни за покојниот медиумски магнат, адвокат и син на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди.
Џон Кенеди Џуниор беше една од иконите на осумдесеттите и деведесеттите години, а беше во врски со неколку познати убавици, меѓу кои и Дарил Хана, Брук Шилдс, Сара Џесика Паркер и многу други пред да се смири со Керолин Бесет, со која подоцна почина.
Тој беше поврзан со Мадона кон крајот на осумдесеттите години, а извори блиски до адвокатот истакнаа дека тоа била само минлива авантура.
Сепак, многумина велат дека Кенеди Џуниор бил воодушевен од Мадона уште од првиот пат кога се сретнале.

– Можеше да се види тоа во неговите очи кога се сретнаа за првпат – еднаш рече танчерката Ерика Бел, една од најдобрите пријателки на Мадона во тоа време. – Џон беше фасциниран.
За време на нејзината повеќедецениска кариера и популарност, Мадона беше во врски и бракови со неколку познати мажи, а само некои од нив се: Шон Пен, кој наводно останува нејзина најголема љубов, Гај Ричи, Ворен Бити, Тупак Шакур, Ванила Ајс, Денис Родман, Алекс Родригез…
фото:Instagram prinscreen/Madonna/ You tube printscreen/ Graeme ONeil







