Македонската пејачка Александра Јанева се породи на 28-ми Мај, во Скопје, а пејачката доби женско бебе.
Александра заедно со нејзиниот сопруг Иван сега се пресреќни поради раѓањето на нивната ќеркичка која одлучија да се вика Тина.
Среќната вест пејачката ја сподели со следбениците преку емотивни објави во Инстаграм приказната, каде ја покажа својата благодарност и среќа и сподели фотографија од новородената ќерка.

Инаку, бебето се роди само три дена по роденденската прослава на пејачката кога таа на 25 ти мај, наполни 31 година, и им донесе нова радост и значајна животна промена.

По објавата, честитките започнаа да пристигнуваат од пријателите, колегите и обожавателите, а Александра ги сподели со нив убавите моменти на профилот.

Порано, во февруари, таа откри дека очекува дете, а тогаш за прв пат објави заеднички фотографии со Иван од Козјак, на кои го покажа трудничкото стомаче и фотографија од ултразвукот, горда на новата фазa од животот.
foto: printscreen/instagram/aleksandrajanevaofficial



