Радио Милева сега е како ким кардашијан

Џорџина на Роналдо повеќе не личи на себе

Џорџина на Роналдо повеќе не личи на себе

Џеорџина Родригез привлече големо внимание на Канскиот филмски фестивал откако се појави со сосема нов имиџ.

Свршеницата на Кристијано Роналдо ја промени бојата на косата и се претстави како русокоса за првпат на настанот „Caring women in motion“, кој се одржа за време на 79-тото издание на фестивалот во Франција.

Џеорџина носеше црно одело со светло сина јакна и отворена кошула на црвениот тепих, додека фотографиите од настанот брзо ги преплавија социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Моделот и инфлуенсерка во последните години сè повеќе гради кариера во светот на модата, а нејзиното појавување во Кан предизвика бројни реакции кај нејзините следбеници.

Родригез и Кристијано Роналдо се свршија минатиот август по девет години врска.

Според странските медиуми, свадбата треба да се одржи по Светското првенство во 2026 година.

фото:Instagram printscreen/georginagio

To top