Радио Милева театар во вода

Лила Филиповска скока во базен во Бодрум -„Кога детето во тебе никогаш нема да порасне“

Лила Филиповска скока во базен во Бодрум -„Кога детето во тебе никогаш нема да порасне“

Македонската водителка Лила Филиповска повторно докажа дека знае како се ужива и тоа на најелегантен начин. Заедно со својата пријателка, водителката отпатува на луксузна дестинација, во познатиот турски Бодрум, еден од најубавите дестинации на Егејот.

Нејзиниот последен споделен видео клип е вистинска потврда дека престојот бил полн со забава. Во него, Лила и пријателката скокаат во разладувачките базени во комплексот кој се истакнува со еден од  најимпресивните тематски аква паркови во регионот.

 

Во описот на видеото Лила на англиски јазик напиша : Кога детето во тебе никогаш не пораснува, твоето срце останува чисто, полно со насмевки и соништа.. Хотел  има најголем и највозбудлив тематски парк во Европа, толку многу забава, дури и возрасните се возбудени и уживаат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Big Mama (@bigitos)

Позадината ја сочинуваат бајковити кули во шарени тонови што потсетуваат на сцени од омилените цртани филмови, а двете дами со детска радост играат во водата во елегантни црни едноделни костими за капење.

Покрај релаксацијата на плажите и уживањето во базените, Лила покажа и дека не пропушта шанса за добра забава и за храбри модни избори.

Пред тоа таа позираше во впечатливи костими со авангардни дезени, избори што бараат самодоверба и храброст, а на Лила тоа со сигурност  не ѝ недостига.

Foto: print screen/Instagram/Lila filipovska

To top