Младата македонска пејачка Тамара Волеска започнува едно свое ново музичко патешествие и тоа со чекор кон непознатото.
Имено, Тамара ја отвора вратата за нови почетоци и креативни предизвици за тоа што досега не било дел од нејзината музичка приказна.

Па така, Волческа на изненадување на повеќето, се појави онаму каде не очекувавме да ја видиме – скопската аудиција за претстојната нова сезона од регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Тамара пред жирито се претстави со песната „Додирни ми колена“ од Зана, а видеото од аудицијата се појави на социјалните мрежи.
Веруваме дека Тамара е следната која ќе ја гледаме од новата сезона на популарното шоу, кое за неа без сомнеж ќе биде поголема реклама, поголем публицитет и секако поинакво искуство од се’ она досега, а и претставување пред регионалната публика. Доколку биде избрана меѓу најдобрите кандидати, Тамара ќе има доста набиена агенда од патувања, разно – разни предизвици, работа под менторство, притисок од конкуренција и секако ќе и биде потребна многу енергија.

За потсетување, Тамара Волческа со својата прва песна „Do You Remember“ се појави во 2022 година, набрзо следеше и уште една на англиски јазик насловена „„Choosing you“, за во 2023 да излезе и првата на македонски јазик „Место од спомени“. Тамара дебитираше и на фестивалската сцена на „Макфест“ во 2024 година, а се појави и следната година со песната „Ведро е“. Неодамна пак, поточно во месец март презентираше една сосема поинаков музички израз и енергија со темата „Не бројам до 3“.

Тргната на патот да успее во она што го наумила кога музичката кариера е во прашање, Волческа смело и амбициозно се впушта во нешто поинакво. Како жена војник вработена во АРМ и поп-пејачка во подем, Тамара сега отвора нов фронт каде со својот вокал и визуелен израз ќе ја покаже својата моќ и во „Ѕвездите на Гранд“.
Среќно!
фото:instagram printscreen/volce.ska






