Македонската фолк-пејачка Сузана Гавазова, позната по своите настапи и сензуални видеа, повторно докажа зошто е една од најпровокативните фигури на македонската естрада.

Нејзината најнова фотосесија од Дојран, објавена на социјалните мрежи, предизвика вистинска „бура“ од реакции. Со комбинација од бебешко розов костум, Сузана ја истакна својата фигура, а тесниот корсет под елегантното сако создаде моменти што ги „запалија“ следбениците.

Додека позираше во позадина се наѕираше езерото, а нејзините бујни гради речиси „вриеја“ од деколтето, сцена со која таа ја зголеми возбудата. Сузе се обиде да го контролира деколтето при позирањето, зошто речиси беше претесно.

Коментарите веднаш почнаа да се нижат, а повеќето беа пламенчиња и црвени срциња и ентузијастички пофалби за нејзиниот изглед.
Не запирајќи се тука, Гавазова го соблече сакото, откривајќи ги извајаните рамена и совршениот, сончев тен.

Македонската фолк ѕвезда, Сузана, која има децениска кариера со хитови и настапи низ цела Македонија, продолжува да инспирира со својата самодоверба.
А со оваа фотосесија не само што ја потврди нејзината „титула“ на провокативна дама, туку и ја потсети публиката зошто е вечна фаворитка на фолк-сцената.
Foto: print screen/Instagram/suzanagavazova






