Радио Милева зашеметена

Дара Бубамара и Бака Прасе разговараа за месечната заработка, а кога тој и кажа колкава е неговата, пејачката остана во шок

Дара Бубамара и Бака Прасе разговараа за месечната заработка, а кога тој и кажа колкава е неговата, пејачката остана во шок

Пејачката Дара Бубамара и јутјуберот Бгдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, открија дека заработуваат 120.000 евра месечно, а тој дури 600.000!

Синоќа, јутјуберот ја угости Дара во  својот„лајв“, која е во фокусот на јавноста поради интимна гласовна порака, а за време на разговорот ја отпочнаа и темата за нејзината заработка, по што пејачката ги откри и нејзините месечни приходи.

– Зависи и од тоа колку рекламни кампањи, тезги имам, околу 120.000 евра, а можеби и нешто помалку – рече Дара Бубамара.

 

По пејачката, јутјуберот исто така беше отворен за својата заработка и ја остави пејачката без зборови.

– Јас заработувам 600.000 евра, некаде околу тоа, зависи од месец до месец – рече Бака Прасе.

Зашеметената Дара му одговори со „Честитки“.

Инаку, на самиот почеток, јутјуберот рече дека Дара Бубамара побарала 50.000 за да дојде на снимање, а потоа откри колку долго се познаваат.

– Таа ме поддржуваше кога штотуку почнував, а сега е време и јас да ја поддржам неа. Се запознавме пред седум години на роденденска забава во Нови Сад – рече тој.

фото:Printscreen/Kick

To top