Пејачот Саша Ковачевиќ синоќа доживеа мала несреќа кога падна од сцената за време на концерт во Црвенка.
Ковачевиќ, кој наскоро ќе стане татко, синоќа настапи на плоштадот во Црвенка во рамките на манифестацијата „Слатки денови“, а додека се обраќаше пред публиката, доживеа пех.
– Овој прекрасен град може да понуди…- се обрати Саша Ковачевиќ кон публиката, а потоа, поради еден непромислен чекор, одлета од сцената.

Обезбедувањето и снимателот кои беа веднаш до сцената го фатија Ковачевиќ и му помогнаа да се врати на сцената.
Публиката почна да вреска, а пејачот се пошегува на своја сметка.
@marijan_88♬ izvorni zvuk – Marijan_88
– Овој град може да испорача, а и јас можам да се занесам екстремно… Но, застанавме на фактот дека овој град може да испорача уште погласна изведба на оваа песна – рече Саша.
Foto: Printscreen/Tiktok/@marijan_88





