Радио Милева расположен за шеги

Александар Тарабунов позира пред огледало како модел, па ги насмеа сите со „охридското макало се пок..ало!“

Александар Тарабунов позира пред огледало како модел, па ги насмеа сите со „охридското макало се пок..ало!“

На неговиот Инстаграм профил сè почесто се појавуваат фотографии со кулинарски специјалитети, но Александар Тарабунов неретко знае да изненади и со селфи од себе.

Познатиот македонски поп-пејач и композитор овојпат сподели фотографии на кои позира како вистински фотомодел, задржувајќи го вниманието на следбеничките, особено сега, кога е слободен по раскинувањето на долгогодишната врска со Калина Поленак.

Но, Тарабунов брзо се врати на рецептите и ги насмеа сите со новото видео од подготовката на охридско макало.

Во описот напиша: „Охридско макало, не макало – се пок..ало!“ – со тоа потврди колку е слободен и расположен за шеги пред обожавателите.

Тарабунов е  полн со изненадувања, а дали ќе го пробате неговиот рецепт зависи само од вас.

foto: printscreen/instgaram/aleksandartarabunov

To top