Радио Милева радост и гордост во континуитет

Помалта ќерка на Црнокрак реди титули и медали: Нина е гордост мамина и татина

Помалта ќерка на Црнокрак реди титули и медали: Нина е гордост мамина и татина

За Моника и Нина, ќерките на Мики и Светлана Црнокрак, се почесто може да прочитаме во домашните медиуми.

Наследничките на една од најхармоничните познати брачни двојки во Македонија, не ретко редат титули за убавина, ама и за нешто кое е далеку од модата.

Заслугата за ова ја има помалата Нина која освен тоа што и таа како мама тато и дада сака да учествува на избори за убавина и ја негува модната традиција на Црнокрак, Нина негува страст и за спортот, поточно одбојката.

Ако неодамна од Бугарија се врати со титулата „Мис тинејџерка на галаксијата“ за 2026 година, сега Нина се покажа исто толку добра и на спортскиот терен со освоен медал од својата одбојкарска екипа, за што тато Мики не можеше, а да не се пофали јавно преку социјалните мрежи.

-Прв медал за Нина татина, напиша Мики за фотогрфијата од теренот каде бил поддршка на ќерка си.

Радоста и гордоста кај Црнокрак секогаш одат во низа и континуитет.

За потсетување е дека во месец февруари Мики и Светле по којзнае кој пат ги израдува и крена до небо и Моника која се издвои како една од најубавите девојки во Европа прогласена за 5-та придружничка на изборот за Мис Европа 2026-та година во Либан.

Оттука, разбирливо и очекувано да имаат исто толку убави, ако не и поубави наследнички кои го собрале најубавото од гените на мама и тато.

Инаку, Моника и Нина се 12 години разлика, па помалата секогаш има за пример од кого да научи, особено од дада.

фото: Instagram printscreen/ mcrnokrak

To top