Радио Милева незаборавно

Огњен Амиџиќ го прослави раѓањето на синот па му ја искинаа мајцата во еден белградски локал за време на забавата (фото) 

Огњен Амиџиќ го прослави раѓањето на синот па му ја искинаа мајцата во еден белградски локал за време на забавата (фото) 

Сопругата на водителот Огњен Амиџиќ, Мина Наумовиќ се породи пред четири дена и на свет донесе син на кој неговите родители му го дадоа името Перун.

Водителот направи голема прослава во една белградска кафеана, а видеото го сподели на Инстаграм, на страната на неговата емисија „Амиџи шоу“.

Судејќи според видеата, ова за него е незаборавно. Водителот облечен во маицата „Добре дојде Перун“, а потоа објави слика од неговата искината маица.

Во еден момент Огњен Амиџиќ  и запеал, а претходно тој откри како донеле одлука синот да го крстат Перун.

„Секако дека бев емотивен, тоа е посебно чувство. Кога ќе го видите тоа битие што е толку мало, чисто и невино… Тоа е чувство што ве потресува до срж. Долго време размислувам за името, веќе некое време ми се допаѓа името Перун. Кога го предложив, на Мина и се допадна. Навистина го почитувам сечиј избор. Чудно ми беше името, до ден денес не познавам некој Огњен кој е постар од мене, тогаш беа модерни други имиња. Сакав име кое е необично, кое има врска со нашата традиција и е необично. Силно име, кратко, јасно, се надевам дека ќе му донесе среќа“, рече тој.

фото: printskrin/instagram/

 

 

To top