Во последното издание на интер ток шоуто „Ништо лично“, кај Антонио Димитриевски, поткаст гостинка беше оперската певица и актерка, Тамара Ангеловска која по дипломирањето на музичката академија во Бугарија, каде ќе запише и актерство, останува да живее на релација Скопје – Софија.

Младата уметница зборуваше почетоците и естрадата, за животот на релација Скопје-Софија, за студиите во соседна Бугарија, за идолите, професорите и менторите, за оперско-актерската кариера на една Македонка во бурни политички времиња со источниот сосед, за евентуалните проблеми и провокации, за другарството и поријателството со колегите Бугари, за сличностите и разликите во едукацијата, културата, театарот, операта кај нас и кај нив… За настапите и ангажманите ширум Балканот, Европа и Светот, за сопствената професионална иднина, за себе, приватноста и емотивниот живот, за симпатиите и тетоважите на интимно или видно место…

Меѓу многуте други нешта кои никогаш не сте ги слушнале, Тамара Ангеловска како и во неколку интервјуа во Бугарија и сега потврди дека операта и е прва љубов, но и во актерството речиси е подеднаквовљубена: „Операта ми е како сопруг, а глумата ми е како љубовник“! – изјави младата, убава и шармантна уметница.

При тоа таа раскажа неколку анегдоти од случки кои и се случиле или на оперската сцена или во театарот, од тоа како во една прилика не го разбрала диригентот – Јапонец, кој не знаел англиски, па на јапонски ја повикувал „5-6 пати“, дури и со гласно викање да се појави на сцената, до тоа како нејзиниот татко кој бил во публиката заспал на една нејзина оперска изведба…!

Исто така на пример при изборот на една драмска улога, не го прочитала веднаш текстот, и кога дошло време да се соочи со улогата, сфатила дека всушност се работи за улога која е 18+… Театарска улога во која има експлицитни сцени! Се обидела да ја врати, извинувајќи се дека се работи за грешки при изборот, но…

Целото гостување на Тамара Ангеловска погледнете го во видеото во продолжение, кое како и сите досегашни изданија на поткастот „Ништо лично“ можете во секое време, 24/7 и тоа 365 дена во годината да ги најдете ексклузивно само на следниот ЛИНК: YouTube каналот на КурирМК (






