Мегафон биди дел од сценското шоу

Отворена аудиција за танчари: Играј на два хита на Јован Јованов и Елвир Мекиќ на нивниот коцерт во Скопје

Отворена аудиција за танчари: Играј на два хита на Јован Јованов и Елвир Мекиќ на нивниот коцерт во Скопје

Јован Јованов и Елвир Мекиќ на 6. јуни ќе одржат голем концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
Но, двајцата музичари им даваат шанса на нивните фанови да бидат директни учесници на концертот и да настапат со нив на сцената во Скопје.
На 25 април (сабота) од 11 часот ќе се одржи аудиција за сите кои имаат талент за играње, а имаат над 17 години.
Станува збор за перформанс на две песни, а танчарите избрани преку аудицијата ќе бидат дел од целосно сценско шоу.
Аудицијата ќе се одвива во форма на работилница – пријавените учесници ќе учат кореографија,потоа пред жирито ќе танцуваат во мали групи, а секој ќе има можност да покаже што знае и преку freestyle.

Најдобрите 6 ќе бидат избрани од тричлено жири, меѓу кои и Јован Јованов, и во текот на следниот месец ќе имаат проби за да настапат на концертот.
Сите заинтересирани повеќе детали и формулар за пријава ќе најдат на линкот:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfTEY2oytKpPAlQVD1bryEoChxLYSul0ad3_Jn9KaI0wKxXwQ/viewform fbclid=PAb21jcARSwp9leHRuA2FlbQIxMQBzcnRjBmFwcF9pZA81NjcwNjczNDMzNTI0MjcAAaf

Освен аудициите, на крајот на април, Јован и Елвир ќе ги најават и гостите за големиот концерт – 8 познати имиња од земјава и регионот.
Концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ ќе биде вистинско освежување пред почетокот на летото, настан кој ќе ја разбуди носталгијата на неколку генерации.

Картите се во продажба преку MK Tickets, на линкот линкот: https://mktickets.mk/event/jovan-jovanov-elvir-mekic-i-prijateli/ и веќе се распродаваат.

И не заборавајте: Спремете си бел оутфит, зашто темата на концертот и дрес кодот е – бело.

To top