Музичарот и некогашен член на групата „Нокаут“, Владимир Крстевски –Франц и сопругата, актерката и модел Ема Џо Петреска иако веќе неколку години не се дел од јавниот живот во Македонија, тие не престанаа да бидат актуелни за домашните медиуми.
Одвреме навреме осамнуваат наслови поврзани со детали од нивнот приватен живот во Америка каде се повеќе од една деценија, а таму добија и две ќеркички – Мелоди и Мона.
Иако Франц и Ема не се чести корисници на социјалните мрежи, понекогаш знаат да изненадат со некоја објава, баш како овој пат.

Причината и повеќе од голема за да се пофалат и покажат дека Ема отпочнала нова животна етапа впуштајќи се во една психо-физичка преобразба посветувајќи се на себе и своето тело преку бодибилгинг и фитнес.

Таа учествуваше за првпат на еден таков натпревар од категорија ја бодибилгинг фитнес и велнес каде освои дури четрири медали на шоуто во градот Пунта Горда во Флорида.

Сакајќи да сподели со сите и да ги пренесе своите импресии од постигнатите успеси таа напиша:
-Првпат се натпреварував и освоив 4 медали!
Многу сум благодарна и благодарна за ова патување. Овој спорт ми го освои срцето. Научив што значи дисциплина и што може да се постигне со конзистентност. Тоа беше најтешкото нешто што некогаш сум го направила и сум неверојатно горда. Изгубив 17 килограми за речиси 5 месеци и изградив природна, мускулеста фигура. Сега знаете зошто тренирам толку напорно, пишува Ема и дополнува дека ништо од ова немало да биде така без поддршката од семејството и професионалниот тим кој стои зад неа.

-Длабоко сум благодарна на моето семејство, мојот неверојатен сопруг и моите две прекрасни ќерки, кои ме поддржуваа во изминатите пет месеци. @vladimirfranz Благодарам на најдобриот тренер досега, кој веруваше во мене и ме турна низ ова патување, @big_serb и на мојот тренер за позирање кој ме научи да ја совладам секоја поза.@kimoconnellfit Благодарна сум на моите неколку вистински пријатели кои стоеја покрај мене до самиот крај и за неверојатната поддршка од моето семејство од LA Fitness. Навистина го ценам тоа.
Ми направи толку многу спомени, ова шоу беше навистина неверојатно!- стои во објавата на атрактивната убавица.

За потсетување, Франц и Ема се во брак од 2014 година, а од следната се преселија во Америка. Тие брзо го проширија семејството, па на само една година откако ја добија Мелоди во 2019, следното лето им се роди и Мона.

Ема Џо Петреска студираше драма на ЕСРА во Скопје и дипломираше во 2010 година. Се појавуваше во ТВ серии, реклами, музички спотови и моделски ангажмани.

Франц пак, ниту на американско толо не се откажа од неговата најголема љубов, музиката, па одвреме навреме можеме да видиме дека настапува со бенд.
фото:Facebook/Emma Joe Franz






