Помина една година откако екс-кошаркарката и сегашен тренер, Едина Муса, стана мајка на своето прво чедо – синчето Максим.
Русокосата атрактивна убавица се реализираше како мајка во бракот со пранешниот кошаркар и екс-сопруг на пејачката Тамара Тодевска, Александар Димитровски- Мачка, со кој сега ја живеат својата брачна идила надополнета со најубавата љубов, онаа детската.
За Едина и птиците на гранка веќе знаат дека вежбаше и со труднички стомак, а сегако и откако се породи.
View this post on Instagram
Постпартум периодот веќе е зад неа, но и изгледот од кој сега дојде до ниво „милион долари“.
Оцртано буквално секое мускулче, а дефиниција за медал!

Насмевката по одразот во огледало говори апсолутно се’, а како и да не биде така која е истрајна, упорна, дисциплинирана… едноставно не може да биде поинаку.
Вреојатно ретко која би рекла дека не сака да изгледа барем приближно, но тоа како бел ден е јасно дека без мака, нема ниту резултати.
Како што вели и самата Едина, ако треба ќе си скрати на спиење, само за да тренира и да го задоволи својот спортски дух и темперамент, а најмногу долгогодишната животна навика.

Секоја чест мама!
фото: Instagram printscreen/edina_musa





