Радио Милева само за неа

Шеф Никола со емотивно обраќање посветено на сопругата: „Фала што ме трпиш“

Шеф Никола со емотивно обраќање посветено на сопругата: „Фала што ме трпиш“

Шеф Никола Мишковски несебично и секогаш без резерва ги споделува приватните моменти со семејството, а овој пат повод за истото беше роденденот на неговата сакана сопруга Стефанија.

Тон емоција од многуте брачни моменти… Љубов, страст и поддршка која взаемно си ја пружаат еден на друг во авантурата наречена живот!

Познатиот шеф во својатаа јавна роденденска честитка на славеничката и искажа емоции и тоа на духовит начин од кој кажа:

-Среќен роденден, љубов моја
Официјално си уште една година постара… ама не се секирај – за мене си секогаш најубавата.
Фала ти што ме трпиш секој ден (знам дека не е лесно)
Те сакам најмногу, и ветувам дека ќе те нервирам уште многу години – напиша Никола во честитката.

Прилог на ова беше и заедничката фотографија каде сопружниците од ресторан пратија и еден кадар за на Фејсбук каде честитките од следбениците се редеа.

Инаку, шеф Никола во брак со Стефанија е речиси седум години и имаат две ќеркички, додека од првиот брак има син.

фото:Facebook/Nikola Mishkovski

To top