Откако неодамна и беше гостинка на Цеца Ражнатовиќ во „Цеца шоу“, нашата популарна пејачка Каролина Гочева одново беше на гости во Белград, овој пат кај својот стар пријател Огњен Амиџиќ.
Меѓу повеќето гости, беше и македонското девојче, дотерана во провокативна транспарентна црна креација од дизајнерот Марков, која совршено прилегаше на стасот на Каролина.

Витка и тенка како манекенка, Гочева ги воодушеви оние кои ја видоа непосредно, ама и сите други преку социјалните мрежи и ТВ екраните, па и упатија како и секогаш грст комплименти.

Поводот што Каролина беше меѓу гостите во „Амиџи шоу“, нималку случаен, туку сосема оправдан по повод заедничките спомени со актерот и пејач од „Фламингоси“ и колега на Огњен, Маринко Маџгаљ кој почина пред 10 години.
Каролина и „Фламингоси“ пред 13 години ја снимија песната „Ти и ја“ каде таа беше нивна гостинка и од спотот.

„Вчера бев гостин во Ami G Show со посебен повод – сеќавање на Маринко Маџгаљ на десетгодинишнината од неговото заминување. Се потсетивме на некои убави моменти и видов драги луѓе кои одамна ги немав видено… напиша пејачката.
Инаку, Каролина неколку месеци наназад активно е застапена во медиумскиот етер кај соседите во Србија, кои со задоволство знаат да ја испочитуваат.
фото: Instagram printscreen/ karolina goceva /You tube/ AmiG Show






