Мегафон поткаст гостин(ка)

Стојне Николова во „Ништо лично“

Стојне Николова во „Ништо лично“

Таа е родена Струмица во семјство во кое народната музика отсекогаш се слушала. Уште на 16 годишна возраст ќе го има своето фестивалско деби на „Фолк фест Роса 2011“ со песната „Моминска вечер“, по што следуваат неколку нови песни.

Како најмлада, но и природно убава, згодна, атрактивна и мошне сексапилна  фолк пејачка, веднаш станува забележана и барана и од авторите и од публиката и од газдите на разни угостителски локали каде почнува зачестено да настапува. Набргу, во 2015 година доаѓа и првиот албум „Од тебе подарена“ кој ја крева  неколку скалила погоре на естрадниот подиум. Во 2018 година на „Роса фест“ ја изведува „Око мое“ која веднаш станува хит.

Редовен учесник е на повеќето фестивали во Македонија: Од „Роса фест“, „Фолк фест Валандово“, „Охридски трубадури“, „Прилеп фест“, „Лешочкиот фолк фестивал“… но  и на други фестивали надвор од Македонија, поточно во соседна Бугарија како на пример „Пирин фолк фест“, од каде ќе се врати и со неколку награди.

Во 2019 година го издава и својот втор албум „Мелем за душа“, по што се редат мноштво хитови, но и безброј настапи како низ Македонија, така и надвор од неа, кај нашинците во Европа и прекуокеанските земји.

Атрактивниот, заводлив  изглед и неодоливиот сексапил особено огледани во провокативните фотосесии и возбудливите видеоспотови, ќе направат песните како „Око мое“, „Камионџија“, „Новата јас“, „Лоша“… да станат хитови, а таа една од најпосакуваните и најбарани естрадни фолк ѕвезди во Македонија, но и во дијаспората.

Емотивните балади пак, како „На две страни“  или последната „Душа скршена“ како да ја откриваат и нејзината друга страна на личноста, нежната, ранлива душа и срцето кое бие во ритамот на потрага по љубовта – онаа вистинската, чиста искрена, неизвалкана, како неизмерна потреба на една млада девојка со скопска адреса на живеење, дојдена од внатрешноста за да успее.

За музичкиот ген и талентот, семсјството и моментите на неизмерна радост и длабока тага по ненадејната смрт на нејзината главна потпора, нејзиниот татко, за трнливиот естраден пат од Струмица до Скопје, за фестивалите и наградите, песните, фотосесиите и спотовите…

Но и за естрадните афери и кулоарските муабети и опашки кои се влечат зад познатите личности, за љубовта и љубомората, за вистинското пријателство и злобата на естрадата, за односот и релациите со колегите и колешките…

За приватноста и интимата длабоко скриени во нејзината личност и душа… Исполнета со љубов, среќа и радости или душа скршена, која потајно ја чува подалеку од јавноста…?

Во најновото издание на интер ток шоуто „Ништо лично“ кај Антонио Димитриевски  како поткаст гостинка „душата ја отвора“ македонската фолк ѕвезда, пејачката Стојне Николова.

Премиерата оди вечерва, среда,  25-ти март со почеток во 20.00 часот,  ексклузивно само на YouTube каналот на КурирМК (

Фото: Инстаграм/stojne_official

To top