Радио Милева настапот одложен

Смрт во семејството на Андреана Чекиќ: Пејачката итно морала да се врати од Занзибар

Смрт во семејството на Андреана Чекиќ: Пејачката итно морала да се врати од Занзибар

Пејачката Андреана Чекиќ го откажа закажаниот настап поради смртен случај во семејството, бидејќи нејзината баба почина.

Андреана Чекиќ, која се најде во центарот на вниманието поради конфликтот со Огњен Амиџиќ, се соочи со голема загуба откако почина нејзината баба, што ја принуди да го скрати одморот и да се врати во Србија.

По овој повод, таа се огласи на социјалните мрежи и ја информираше публиката дека нема да го одржи настапот закажан за 21 април, но дека новиот датум е поместен за крајот на мај.

„Драга публико, ве известувам дека нема да се дружиме оваа сабота и дека новиот датум е 30.05. Причината е што мојата баба почина. Ви благодарам за разбирањето. Ве сакам многу“, напиша пејачката.

Според извештаите, Андреана ја добила тажната вест додека престојувала во Занзибар, по што решила да го заврши своето патување и да се врати дома.

Андреана дознала и за смртта на нејзиниот кум Драган Лазиќ за време на престојот во Занзибар, поради што не можела да присуствува на погребот.

фото:Instagram printscreen/ andreanacekic

To top