За неа навистина може да се каже дека пее од мали нозе, зашто првите настапи ќе ги има уште на осумгодишна возраст кога запеала на училишните смотри, на кои подоцна и ќе го претставува својот роден град Прилеп на разни републички натпревари.

Кога имала само 15 години ја снимила својата прва песна „Сонувам“, додека со групата “Уникат” од Прилеп. Тоа ја охрабрило да го сними својот прв солистички албум “Што ќе ми се пари”, снимен во прилепското студио “Точак” на кој продуцент ќе биде нејзиниот „доживотен соработник“, Дејан Момировски.Тој го напишал и текстот на нејзиниот следен голем хит “Пу, пу машала” , кој ќе ја вивне меѓу ѕвездите од македонската естрадна фолк елита.

Фестивалските настапи на различни фестивалски смотри од „Гоце фест“ преку „Цветници“, „Валандово“, „Тетовскиот фолк фест“, „Охриидски трубадури“ … ќе и ја зацврстат позицијата на естрадата обележувајќи ја како една од најпопуларните, но и најубавите, најзгодните, најатрактивни и најсексапилни пејачки во Македонија.

Следуваат мноштво нови песни, хитови и настапи по разни локали, хотели, ресторани, клубови… и турнеји кај нашите иселеници во Австралија, Америка, Канада…

Но и возбудливи еротски фотосесии и видеоспотови во кои таа го истура сиот свој телесен раскош и неодолив сексапил, кои ја прават една од најпосакуваните пејачки, но и жени во Македонија.
View this post on Instagram
Сепак, животот нема да ја гали и милува, како што на прва изгледа. Навидум успешниот брак со еден македонски бизнисмен од кој ќе се изродат трите деца, две ќеркички и едно синче, по низа недоразбирања, премрежја и брачни бури ќе заврши со бурен развод. Таа ќе мора од Охрид каде ќе живее, да се врати во родниот Прилеп, но за жал, по одлука на судот – без децата и да започне одново. Тоа ќе ја разниша и како човек и како естраден уметник, но нема да ја скрши како жена. Ќе собере сили, храброст и достоинство да продолжи како посветена мајка и естрадна ѕвезда која ќе блесне уште посилно. Овој пат во некое ново, сосема поинакво светло. Позрела, поискусна, посмирена, подостоинствена од било кога порано, што ќе се огледа и во нејзините последни песни.

За генот за пеење, почетоците, развојот на кариерата, пријатните и непријатните случки, песните, фотосесиите и спотовите, настапите, фестивалите и турнеите, за сорботниците, пријателите и естрадните душмани…

За љубовта и љубомората, победите и поразите, за емотивниот лом и повторното издигнување од пепелта на разводот, за децата и нивниот талент за музика, за автобиографијата во стиховите на своите песни, особено оваа последната, за разликата од онаа до оваа Елена…

И за уште стотина други помалку или повеќе познати или сосема непознати нешта за неа, во ова издание на интер ток шоуто „Ништо лично“ на јавен муабет кај Антонио Димитриевски како поткаст гостинка доаѓа македонската фолк ѕвезда Елена Велевска.
Премиерата оди вечерва, среда, 18-ти март со почеток во 20.00 часот, ексклузивно само на YouTube каналот на КурирМК (






