Радио Милева обратнопропорционален тремаџија

Илија Балтовски – Балто е уште еден Македонец што блесна во „Никогаш не е доцна“: Тремата го „исече“, ама бојата на гласот го „спаси“ (ВИДЕО)

Илија Балтовски – Балто е уште еден Македонец што блесна во „Никогаш не е доцна“: Тремата го „исече“, ама бојата на гласот го „спаси“ (ВИДЕО)

Во третиот круг од музичкото шоу за возрасни „Никогаш не е доцна“ во натпреварувачкиот дел се претстави уште еден Македонец, 50-годишниот скопјанец Илија Балтовски – Балто, кој избра да ја отпее песната „Само један дан“ од Масимо Савиќ и сос војата изведба предизвика лавина од емоции.

„Аплаузи од сите страни и од жирито и од публиката“ – коментираше водителката Драгана Катиќ, додека Теа Таировиќ која беше гостин – член во жирито праша дали намерно ја избрал песната поради Масимо или поради истата боја на гласот.

„Фантастична боја на гласот. Благословен си. Да ги затворев очите и само да те слушав, твојата тренма немаше да биде видлива. Можев да забележам од говорот на телото дека ја имаш. Што ќе беше ако немаше трема на сцена?“ – праша Теа.

„Мене трема ме фаќа дури откако ќе почне песната… А пред тоа ја немам. Обратно е… “- и одговори Балто, на што Теа остана зачудена: „Е за вакво нешто прв пат слушам…“  – остана вчудовидена пејачката!

Саша Милошевиќ Маре пак му го пофали изборот на песни на Илија, кој е фантастичен од самиот почеток на натпреварот.

„Ти си громовник за песна. Феноменална боја имаш како што рече и Теа, а тремата те ‘исече’  за 20 проценти, но тоа е во ред“ – изјави Роки Родиќ. 

Инаку, Македонецот настапи во дуел со Јасмин Салмановиќ, а на крајот жирито одлучи дека Илија беше подобар и дека продолжува во следниот, четврти круг.

За потсетување, Илија некогаш во младоста се занимавал со музика, така што се пријавил во шоуто за да си го оствари сонот.

„Продадов се што имам дома, сите инструменти, некои ги дадов на пријателите. Се обидов дури три пати да студирам, но ете, не завршив. Денес одржувам трафостаници. Би сакал кога нема да ме има да остане некој спомен од мене од натпреварот. Мислам дека е важна работа да се биде тука“- ќе изјави за себе скопјанецот Балто  во една од претходните емисии.

Целата емсисија погледнете ја во продолжение, а настапот на Илија Балтовски-Балто е на 1 час, 16 минути, и 50 секунди…

Фото и видео: Nikad nije kasno – Cela emisija 26 – 15.03.2026.

To top