Радио Милева пример, поддршка, гордост

Шеф Никола на софра во друштво на најсаканите – со мама и тато за специјален повод

Шеф Никола на софра во друштво на најсаканите – со мама и тато за специјален повод

Шеф Никола Мишковски добро познат на јавноста од кулинарското шоу „Брза кујна“, на своите профили од социјалните мрежи покажа нешто сосема поразлично од вообичаено.

Овој пат, софрата не ја приготвуваше тој, туку седна на истата заедно со најдрагите и најсаканите фигури од неговиот животот- родителите.

Седнат со мама и тато за специјален, славенички повод –  роденденот на татко му.

Во оваа прилика Никола гордо ги покажа и  јавно  упати честитка со зборови нанижани од срце во кои вели:

-Денес е посебен ден – денот кога се роди човекот кој ме научи што значи сила, чесност и вистинска љубов. Ти благодарам за секој совет, за секоја подадена рака и за секоја жртва што си ја направил за нашето семејство. Ти си мојот пример, мојата поддршка и мојата гордост. Нека Бог ти подари многу здравје, мир и уште многу среќни години исполнети со радост и насмевки.
Среќен роденден тато, те сакам многу!- напиша Никола.

Убав ден, но и уште поубави и искрени емоции кои може да ги добие еден родител од чедото кое му значи се’.

Фото: Instagram printscreen/nikola_mishkovski

To top