Благојче Стојановски – Туше и Ташко Каранфиловски ја споија музиката со животната приказна и ја претворија во нов дует насловен „Куме, кумашине“ – песна што носи силна емоција, пријателство и вистински македонски музички мерак. Она што овој проект го прави уште поавтентичен е фактот дека двајцата пејачи не се само музички сорабоитници и кумови во песната, туку се кумови и во реалниот живот.

Музиката и стихоивите се авторско дело на самиот Туше, додека аранжманот за песната го направил Славко Ристевски. Истата е снимена во студиото „Просаунд“ во Прилеп.

„Куме, кумашине“ доби и своја визуелизација, а видеоспотот за песната се снимаше во амбиентот на познатиот етно ресторан „Дедо Димо“ во Куратица, локација која со својата традиционална атмосфера совршено се вклопи во приказната што ја раскажува песната. Во спотот учествуваат повеќе статисти, кои со својата присутност му дадоа дополнителна живост и автентичен дух на целиот проект.

За визуелната реализација беше задолжена IN продукција, која уште еднаш покажа професионалност и чувство за детал, создавајќи спот што зрачи со топлина, традиција и пријателство.

Песната „Куме, кумашине“ беше промовирана деновивена сателитска ИН телевизија, а љубителите на македонската песна добија проект кој ветува и претендира да стане вистински хит на сите можни семејни веселбите и секаков вид други прослави.

Со „Куме, кумашине“, Туше и Ташко уште еднаш докажаа дека кога музиката доаѓа од срце – таа најсилно се чувствува. Како звучи и изгледа песната, проследете од видеото во продолжение…







